Вкупно 44 илегални имигранти – 39 од Сирија и петмина од Ирак, се откриени денеска на преминот „Дунав Мост“ на границата меѓу Бугарија и Романија, во камион со бугарски регистарски таблички, јави БТА.
Како што соопшти регионалната управа на бугарската гранична полиција од градот Русе, камионот во кој се наоѓале имигрантите, превезувал јаболка за Чешка.
Меѓу приведените имигранти има осум жени и три деца на возраст од 16 и две од по 14 години. При сосолушувањето имигрантите ијзавиле дека требало да заминат за Австрија.
Возачот на камионот бил чешки државјанин.
Вчера попладне во две одделни акции бугарската полиција кај граничниот премин „Дунав Мост“ приведе вкупно деветмина илегални имигранти по потекло од Авганистан.