Во продажба влезниците за 31-то издание на „Скопскиот џез фестивал“

Од:

Пуштени се во продажба влезниците за 31-то издание на „Скопскиот џез фестивал“ кој ќе се одржува од 19. до 23. октомври во Универзална сала и Македонската опера и балет.

Влезниците за Американците Ентони Брекстон квартет и данскиот музичар Пјер Дорг и „Њу џангл оркестра“ кои ќе го отворат фестивалот  се по 600 денари. За триото на бразилскиот виолинист Рикардо Херц  и шпанското трио Бенавент – Ди Џералдо – Пардо кои ќе настапат вториот ден ќе бидат по  500 денари.

За перформансот на швајцарскиот пијанист Малколм Браф и неговото трио и скандинавската џез група „Атомик“ кои се најавени за 21. октомври, влезницата ќе биде 500 денари, а за концертите на џез-музичарот Пет Мартино и квинтетот на младиот саксофонист од Калифорнија, Амброуз Акинмусајр кои ќе настапат на 22 октомври се по 600 денари.

Фестивалот ќе финишира со Томаж Станко квартет од Полска и американските џез-музичари Мајлс Смајлс, Волас Руни , Лери Кориел, Рик Маргица, Џо Дефранческо, Дерил Џоунс и Омар Хаким, за кои влезниците ќе бидат по 800 денари.

Почетокот на сите концерти е во 20 часот.

Во петте фестивалски дена ќе следи и полноќна програма во „Сити хол центар“ (поранешен Хардрок) со настапи на „Ле Сахел“ од Сенегал, Ентони Џозеф и Спазм бенд, „Хајден оркестра“ од Британија и триото „Д Тинг вит Џо Мекфи“. За овие концерти влезницата е по 300 денари.

Пакет влезниците за целиот фестивал е по 2.500 денари.

Би можело да ве интересира

Трето издание на Деновите на поезијата, од 14 до 16 мај

Став од Уставниот суд во врска со најавениот протест на работниците од културата

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски да им се извини на уметниците и културните работници за навредите

Предраг Петровиќ

ЈЕТА, нов роман од Ивана Трајаноска во Или-Или

„Матица“ го објави „Замир“ – силен роман на Хакан Ѓундај што веднаш влезе и во „Априлско разлистување“

Почина сликарот Илија Пенушлиски