Управниот одбор на Здружението на судии на Македонија попладнево одржува седница на која судиите треба да расправаат и да излезат со став во врска со објавените снимките од СДСМ, кои сугерираат на притисоци од функционери од извршната власт и од полицијата врз судството и судските органи.
На новинарските екипи, кои во 13.30 часот (за кога беше закажан почетокот на седницата) беа собрани пред влезот на Здружението на судии, во зградата на Апелацискиот суд Скопје, им беше речено дека членовите на здружението нема да даваат изјави пред ниту по седницата, а за заклучоците од неа јавноста ќе биде известена преку соопштение.
Дел од судиите кои влегуваа на седницата не сакаа да даваат изјави, одминувајќи ги новинарските екипи.
Извор: Мета