Избрани добитници на наградата „11 Октомври“

Од:

Академик Владо Камбовски, професорите Димитар Мирчев, Веле Смилевски, Самуел Садикарио и маестро Борис Трајанов, се добитници на државната награда „11 Октомври“ за 2012 година.

Правникот Камбовски и политикологот Мирчев ја добиваат наградата за животно дело во областа на науката, писателот Смилевски и оперскиот уметник Трајанов за животно дело во областа на културата и уметноста, а кардиологот Садикарио за животно дело во областа на здравството,спортот и хуманоста.

Одлуката ја донесе Одборот за доделување на државна награда „11 Октомври”, чиј претседател е академик Георги Старделов.

Наградата на добитниците ќе им биде врачена на 11 октомври во 12 часот, во Македонската академија на науките и уметностите.

Би можело да ве интересира

Десет претстави на „Денови на комедијата“

Сотирис Минас доаѓа во Македонија

Филмот „17“ на Косара Митиќ е македонски кандидат за Оскар

Предраг Петровиќ

Jazz Extravaganza – концерт на Емин, Шарески, Јосифовски и Петров

„Заедно за подобро утре“, хуманитарен концерт во Велес

„Охридско лето“ со четири џез-вечери отвора ново музичко поглавје