Дали спиењето во различни соби го спасува бракот?

Од:

Статистичките податоци покажуваат дека девет проценти од Британците, секој четврти Американец, и дури 28 отсто од Јапонците спијат во различни соби со партнерот. Причината не е недостиг на љубов, туку партнерот рчи, сака да чита до доцна во ноќта, станува многу рано.

Испитаниците изјавиле дека на почетокот им било чудно и оти стравувале дека ќе се отуѓат со партнерот, но во нивниот однос ништо не се сменило како и дека одвоените соби не влијаеле на сексот.

Експертите и понатаму дебатират за предностите и недостатоците на одвоените спални соби. Едни тврдат дека заедничкото спиење со лицето кое го сакаме го зголемува нивото на окситоцин, хормон одговорен за релаксација и намалување на крвниот притисок, а другите ги истакнуваат негативните ефекти на лошиот сон за дневното функционирање. Првите се уверени дека спиењето во посебни спални ја нарушува интимноста, а другите тврдат дека тоа го спасува бракот.

– Лицата кои делат кревет имаат 50 проценти поголема шанса да се будат во текот на ноќта и со тоа го нарушуваат сонот на другиот. Не само дека во заедничкиот кревет имате помалку простор за себе, туку партнерот може да рчи, да ве удира, да се превртува и да станува сред ноќ. И потоа се чудиме зошто лошо спиеме. Спиењето е себична работа. Не можете со некого да го делите сонот, изјави Нил Стенли истражувач од Универзитетот во САД.

Би можело да ве интересира

Совети за справување со личниот гнев во љубовната врска

Ана Ололовска

Французите ретко велат „те сакам“ – го покажуваат тоа на дело

Ана Ололовска

„Тиндер“: Сè повеќе луѓе имаат „помали очекувања“ во врската

Ана Ололовска

Љубовни совети од 19. век

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Љубов под карантин: Англичанец, користејќи робот, ја запроси девојката

Ана Ололовска

ВИДЕО: Ја запроси својата девојка на урнатините во Петриња

Ана Ололовска