Заедничка седница на владите на Македонија и на Србија

Од:

Владите на Република Македoнија и на Република Србија денеска во Скопје ќе одржат заедничка седница на која ќе претседаваат премиерите на двете земји Никола Груевски и Александар Вучиќ.

На заедничката седница треба да бидат разгледани повеќе прашања од билатерален интерес, а предвидено е потпишување и на неколку меѓувладини договори. Се очекува да стане збор и за европската интеграција на двете земји, за регионалната соработка, за унапредување на економските односи, за зголемување на трговската размена, како и за заеднички инфраструктурни проекти.

Покрај заедничката пленарна седница, предвидено е премиерите Груевски и Вучиќ да имаат и тет-а-тет средба, како и заедничка изјава за медиумите.

Српскиот премиер Вучиќ ќе се сретне и со македонскиот претседател Ѓорге Иванов и со претседателот на Собранието Трајко Вељаноски.

Ова е втора заедничка седница на владите на Македонија и на Србија. Првата беше одржана на 3 јуни 2013 година во Белград.

Освен со Србија, Владата на Македонија досега има одржано заедничка седница и со Владата на Бугарија, на 28 јули 2013 година во Ќустендил, а иницијативи за одржување меѓувладини седници има и со Албанија и со Косово.

 

Фото: МИА

Би можело да ве интересира

Владата го усвои предлог Законот за јавно обвинителство

Влада: Донесена е одлуката за прогласување на кризна состојба во траење од 7 дена поради неможноста за набавка на мазут

СДСМ: Владата нема пари за бесплатен јавен превоз, филтри, еколошко греење, еколошки проекти и за итни интервенции

Горан Наумовски

Наводите на СДСМ се целосно неосновани, неточни и претставуваат груба клевета, реакција од Владата

Бугарската влада предводена од премиерот Росен Железков поднесе оставка

Нови лица во Владата и партијата – Мицкоски најави серија кадровски потези