Косовскиот парламент денеска усвои измени и дополнување на Законот за јавни претпријатија, што не се однесува на комбинатот „Трепча“, бидејќи за него треба да се донесе нов закон, јави Танјуг.
На денешната пленарна седница на Собранието на Косово не учествуваа пратениците од „Српска“ и српските министри во косовската Влада.
Најголемa расправа се водеше околу спорниот член од законот според кој трансформирањето на јавните претпријатија треба да се реализира во договор со општините на чија територија се наоѓаат претпријатијата.
Мнозинството пратеници од владејачката коалиција и опозиција бараа спорниот член од законот да се преформулира и да биде појасен со оглед на тоа дека се остава простор општините да прават проблем, особено со јавните претпријатија од национален интерес.
Опозицијата преупреди дека во случај спорниот член да остане непроменет, косовската влада ќе се соочи со масовни протести.