(ВИДЕО) Марија Џонс: Царот е гол и е многу грд

Од:

Преведувачката Марија Џонс во емотивен говор пред Владата го изрази својот револт против, како што рече, неправедниот закон за хонорарци.

„Живееме во паралелен универзум. Нашиот е реален свет. Ова што го прави власта се Потемкинови села. Ние живееме во приказна на преживување во која се повеќе нема. Едно е јасно, мора да платиш за да работиш. Во оваа држава се повеќе има драконски казни и давачки. Овој закон е сомнителен правно и е тешко спроведлив. Власта се труди да го освоиме првото место во сиромаштија. Не бараме од вас да го повлечете законот, нема да го направите тоа, но нема да ви плаќаме. Доста ни е од глумење лудило. Не учат да јадеме здраво, да правиме селфи пред овие свадбарски торти кои глумат архитектура, а сопствените деца ни се трујат од загаден воздух или умираат бидејќи нема пари за лекување. Затоа оттука им порачувам: Царот е гол и е многу грд“, рече Џонс.

Таа ја цитираше мислата на Мартин Лутер Кинг: Морална обврска е да не се почитуваат лошите закони.

Би можело да ве интересира

Меџити ќе го критикува Бесими: Седум месеци договарам да се вработат сите што се на определено

A1on

Власта ги тргна рацете од хонорарите за да не ги изгуби гласовите на хонорарците

Емир Латифовиќ

ВИДЕО: Во Уставен суд поднесени 6.400 претставки за хонорарите

Ана Ололовска

Хонорарец: МРТ со месеци ни нема дадено пари

Емир Латифовиќ

ВИДЕО: Кучето демонстрант и на денешните протести

Емир Латифовиќ

ВИДЕО: Хонорарците изразија поддршка за Автономната зона

Емир Латифовиќ