(ВИДЕО) Независни синдикати: Министри, Вие доаѓате и си одите, а ние сме темелот

Од:

Незадоволните хонорарци, меѓу кои има актери, новинари, претставници на невладиниот сектор, независни синдикати, својот револт и незадоволство од измените во законот за плаќање на хонорари го изразија и пред Владата на Република Македонија, која што беше чувана од силно полициско обезбедување.

По пеењето на државната химна Маријан Ристески од независниот синдикат рече дека државниот синдикат дење глуми синдикат а ноќе седи во клубот на Владата.

„Тука сме ние вистинските синдикалци и кажуваме дека ситуацијата не е розова. Сакаме гласот да ни биде слушнат, а не прислушкуван. Секојденвно растат трошоците за храна, за сметки, за даноци и трошоците за ајдуци. Ова веќе не се издржува. Се ближи денот кога целиот револт ќе го изразиме на улица“, рече Ристески.

Од независниот синдикат на културата велат дека се згрозени од ваквиот начин на носење закони.

„Чии граѓани сме ние? Ова нема да ви помине! Ние уметниците, конзерваторите, режисерите, скулпторите, сликарите и библиотекарите бараме и ќе си го земеме достоинството назад. Назад ќе ги вратиме вистинските вредности. Порака до министрите: Вие доаѓате и си одите, а ние сме темелот“, порачаа од независниот синдикат на културата.

Претставниците на невладиниот сектор бартаат владата да ги повлече срамните закони за хонорарци.

Би можело да ве интересира

Меџити ќе го критикува Бесими: Седум месеци договарам да се вработат сите што се на определено

A1on

Власта ги тргна рацете од хонорарите за да не ги изгуби гласовите на хонорарците

Емир Латифовиќ

ВИДЕО: Во Уставен суд поднесени 6.400 претставки за хонорарите

Ана Ололовска

Хонорарец: МРТ со месеци ни нема дадено пари

Емир Латифовиќ

ВИДЕО: Кучето демонстрант и на денешните протести

Емир Латифовиќ

ВИДЕО: Хонорарците изразија поддршка за Автономната зона

Емир Латифовиќ