Седници на седум собраниски комисии

Од:

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за одбрана и безбедност, за економски прашања, за еднакви можности на жените и мажите, за транспорт, врски и екологија, Законодавно-правната комисија, за прашања на изборите и именувањата и за надворешна политика.

Предлог – законите за дополнување на Законот за служба во Армијата на Република Македонија, на Законот за полиција, на Законот за внатрешни работи и на Законот за внатрешни работи, сите во прво читање, се на дневниот ред на седницата на Комисијата за одбрана и безбедност.

Комисијата за економски прашања ќе расправа по предлог-законите за дополнување на Законот за техничката инспекција, на Законот за Државен пазарен инспекторат и на Законот за концесии и јавно приватно партнерство, сите во второ читање.

Предлог – закон за изменување и дополнување на Законот за превенција, спречување и заштита од семејно насилство, во прво читање, е единствената точка на седницата на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите.

Членовите на Комисијата за транспорт, врски и екологија на денешната седница ќе дискутираат за повеќе предлог-закони за изменување и дополнување, меѓу кои на Законот за животната средина,  на Законот за градење, на Законот за комуналните дејности, како и на Законот за просторно и урбанистичко планирање и на Законот за електронските комуникации.

На агендата на Законодавно-правната комисија се повеќе точки меѓу кои  предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за превоз во патниот сообраќај, на  Законот за јавните патишта на Законот за комуналните дејности, како и на Законот за внатрешни работи, на Законот за извршување на санкциите и на Законот за Државниот инспекторат за земјоделство.

На седницата на Комисијата за прашања на изборите и именувањата ќе се разгледуваат предлог-одлуките за разрешување и именување на претседател и членови на Одборот за доделување на државната награда „ 23 Октомври” и за член на Одборот за доделување на државната награда „Мајка Тереза”.

На седницата на Комисијата за надворешна политика ќе се расправа по Предлог – законот за ратификација на Меморандумот за разбирање за институционалната рамка на Иницијативата за превенција и подготвеност во случај на катастрофи на Југоисточна Европа.

Пред членовите на комисијата отчетно обраќање ќе има и амбасадорот Сашко Стефков за вршењето на должноста Шеф на Канцеларијата за врски на Република Македонија во Атина.

Би можело да ве интересира

Катерина Димитровска пратеничка во Собранието на местото на Марија Митева

Собранието доби „глува соба“ за доверливи документи

Катерина Ѓуровски

Годишниот извештај за работата на јавните обвинителства пред собраниската Комисија за политички систем

Петрушевски: ЕК извештајот констатира дека судиите често избегнуваат одговорност преку правни лавиринти и застарување на предметите

Собранието ги донесе измените и дополнувањата на Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам и Законот за експропријација

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ побараа членовите на Советот на јавни обвинители да поднесат оставки

Седници на седум собраниски комисии

Од:

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат повеќе собраниски комисии.

Комисијата за финансирање и буџет ќе расправа за Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за царински мерки за заштита на права од интелектуална сопственост и за Предлог законот за преземање на акционерските друштва, двата во прво читање.

Извештајот на Државната изборна комисија за прифаќање на остатокот на мандатот за пратеник во Собранието на Република Македонија, согласно член 153 од Изборниот законик е единствена точка на дневниот ред на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања.

Членовите на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе расправаат за измените и дополнувањата на законите за ѓубриња, за производи за заштита на растенијата, за семенски и саден материјал за земјоделски растенија, на Законот за здравјето на растенијата, на Законот за ловството, како и за дополнувањата на Законот за земјоделство и рурален развој, сите во прво читање.

Измените и дополнувањата на Бирото за развој на образованието се единствена точка на седницата на Комисијата за образование, наука и спорт.

Покрај неколку предлог закони за ратификации на меѓународни конвенции од областа на трудот, Законодавно-правната комисија ќе се изјасни по Предлог-законот за ратификација на Договорот меѓу македонската Влада и Владата на Сојузна Република Германија за гробовите на воените жртви,  за измените и дополнувањата на законите за царински мерки за заштита на права од интелектуална сопственост, за Бирото за развој на образованието, за ѓубриња за производи за заштита на растенијата, на Законот за семенски и саден материјал за земјоделски растенија, на Законот за здравјето на растенијата, на Законот за ловството, како и за измените на Законот за продажба и давање под закуп на деловните згради и деловните простории на Република Македонија, сите во прво читање.

Меѓу точките на оваа Комисија се и Исправка на Законот за изменување и дополнување на Законот за постапување со бесправно изградени објекти („Службен весник на Република Македонија“ број 155/12), како и утврдување на пречистените текстови на Деловникот на Собранието на Република Македонија, на Законот за работни односи, на Законот за безбедност и здравје при работа, на Законот за пензиското и инвалидското осигурување и на Законот за азил и привремена заштита.

Дневниот ред е дополнет и со Предлог-законите за дополнување на Законот за земјоделство и рурален развој, за воведување систем за управување со квалитет и заедничка рамка за проценка на работењето и давањето услуги во државната служба, за преземање на акционерските друштва, како и утврдување на пречистен текст на Законот за инвалидски организации.

Комисијата за европски прашања ќе дебатира за измените и дополнувањата на Законот за царински мерки за заштита на права од интелектуална сопственост и за Предлог-законот за преземање на акционерските друштва.

За примена на одредбите на членот 1 од Законот за дополнување на Законот за пратениците и утврдување Предлог-одлука за именување член на Државната комисија за спречување на корупцијата треба да расправа Комисијата за прашања на изборите и именувањата.

Би можело да ве интересира

Катерина Димитровска пратеничка во Собранието на местото на Марија Митева

Собранието доби „глува соба“ за доверливи документи

Катерина Ѓуровски

Годишниот извештај за работата на јавните обвинителства пред собраниската Комисија за политички систем

Петрушевски: ЕК извештајот констатира дека судиите често избегнуваат одговорност преку правни лавиринти и застарување на предметите

Собранието ги донесе измените и дополнувањата на Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам и Законот за експропријација

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ побараа членовите на Советот на јавни обвинители да поднесат оставки