Најбизарни понуди на И-беј

Од:

Хафингтон пост објави попис на најбизарни понуди кои досега можеле да се видат на И-беј. Дел од ниов се дадени поради немаштија, а некои се толку полни со идеи и на овој или оној начин, па морад а ги споделат со светот.

Тост со ликот на Богородица
Една од првите сензационални понуди од тој тип датира од 2004 година кога Американката Дијана Џусер на И-беј одлучи да продаде десет години стар сендвич со „ликот на Богородица“. И, успеа во тоа.

Камен од бубрегот на Вилијам Шекспир
Познат актер во 2006 година бил на операција за вадење камен од бубрегот. Од лекарите добил се што му е извадено заедно со делот од медицинскиот прибор за време на операцијата. Се продал на И-беј за 25.000 долари, и парите ги дал во доброволни цели на организацијата habitat for Humanity.

Пченкарна снегулка во облик на државата Илиноис
Сестрите Мекинтири во 2008 година го продале тој „фасцинантен“ примерок за 1.350 долари на сопственикот на интернет-страницата triviamania. com.

Чипс во облик на покривка за глава на папата
По продажбата на „светиот“ сендвич, таквите понуди нагло се зголемиле. Во 2005 година за 1.209 фолари е продаден чипс со облик на покривката за главата на папата (митра).

Сендвичите на Џастин Тимбрлејк и Бритни Спирс
Во 200 година обожавателка на групата N’Sync купила за 1.025 долари половина изеден тост-сендвич на Џастин Тимбрлејк. Сендвичот кој го пробала Бритни Спирс во 2005 година е продаден преку И-беј за 500 долари. Во пакет било и половина изедено стапче од нејзиниот сопруг Кевин Федерлин.

Невиност на 18-годишна тинејџерка
Во 2010 година унгарска студентка на лицитација ја понуди својата невиност. Таа се претстави како Miss Spring. Вио понудата објасни дека сака да ги плати долговите на семејството и да плати школарина за да стане лекар. Победникот е неименуван Британец кој плати 200.000 фунти.

Би можело да ве интересира

Драстичен пад на популарноста поради поддршката на Камала Харис

Предраг Петровиќ

За 24 часа се јавија 12.000 жртви и сведоци на сексуална злоупотреба на обвинетиот музичар

Предраг Петровиќ

Златан Ибрахимовиќ покажа пеколна машина од 470.000, си купи Ферари за роденден

ВИДЕО: Луѓето згрозени од новиот филм на Деми Мур

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Моника Белучи го слави 60-тиот роденден: Како изгледаше една од најубавите жени во светот низ годините

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските