Бензините поскапуваат до 3.5, дизелот за 2.5 денари

Од:

Малопродажните цени на бензините од ноќеска на полноќ се зголемува од три до три и пол денари, а на дизелот за 2,5 денари по литар.

Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, новата цена на Еуросупер БС-95 се зголемува за три денари и ќе изнесува 62 денари за литар, Еуросупер БС-98 поскапува за 3,5 денари и ќе се продава по 64 денари. Малопродажната цена на Еуродизелот ќе изнесува 51 денари за литар.

Цената на Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува, исто така, за 2,5 денари и ќе се продава по 39,50 денари.

Зголемување има и на малопродажната цена на мазутот М-1 кој ќе се продава по 23,456 денари за килограм.

Би можело да ве интересира

Поскапуваат бензините

Поскапуваат горивата

Катерина Ѓуровски

Од полноќ нови цени на горивата

Нови цени на горивата

Нови цени на горивата

Поевтинуваат дел од горивата