Благајничка во Комерцијална банка „олеснила“ клиент за 12.000 евра

Од:

М.С.(53) од Прилеп вработена како благајник во „Комерцијална банка“ , во филијалата во Прилеп доби кривична пријава за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“, „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“ и „фалсификување исправа“.

Пријавената ги пречекорила своите службени овластувањата за пристап во информатичкиот систем на банката на 14.09.2012 година, кога без да поседува налог и барање за исплата на пари од лице од Прилеп, сопственик на девизна штедна книшка во Комерцијална банка, го обезбедила бројот на неговата сметка и во два наврати извршила трансакции за исплата на парични средства.

Така таа ја олеснила неговата сметка за 12.000 евра, кои противправно ги присвоила, а на налозите за извршени трансакции се потпишала во име на сопственикот на книшката.

Би можело да ве интересира

Од армиски центар украдени три „Хамери“, едниот е блиндиран

Уапсена е 38-годишна жена, ја фатиле при кражба во маркет во Прилеп

А1он

Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“

А1он

Разбојник од скопската населба Илинден ограбил аптека во Ново Лисиче

МВР: Уапсен е разбојникот кој ограби обложувалница и мини-маркет во Скопје

За шест дена тројца арамии извршиле три кражби во куќи