Адеврул – Букурешт
Романија е меѓу малкуте земји од Европската унија кои одвојуваат два проценти од БДП за одбраната. Тоа го прават големите сили, како Франција и Велика Британија – 2,2 проценти од БДП во 2013 г., Грција 2,5 и Кипар 2,1 проценти. Според податоците од Светската банка, Германија одвоила едвај 1,3 проценти од БДП во 2013 година за воени расходи.
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, по средбата со романскиот претседател Клаус Јоханис даде изјава која би требало да прозвучи како аларм во ушите на граѓаните, а не како пофалба, како што беше пренесено во печатот: ако Роамнија може, тогаш тоа е доказ дека и сите други сојузници можат.
Со други зборови, ако Романија, која се наоѓа на опашката на ЕУ во однос на платите или стандардот на живот може да го направи тоа, тогаш скандинавските земји од каде што доаѓа и Јенс Столтенберг и чии идникатори во однос на демографијата и животниот стандард се одлични, но одвојуваат околу еден процент од БДП за одбрана, треба исто така, да го можат тоа. Северните држави можат, но не сакаат, затоа што имаат други приоритети.
И американскиот помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања Викторија Њуланд, беше задоволна од политичкиот консензус за два проценти за одбраната, иако тоа не е меѓу приоритетите на граѓаните кои продолжуваат да очекуваат благостостојба во државата, за што сонуваат уште од 1989 година кога излегоа на улиците за да го урнат тоталитаризмот на Чаушеску. И очигледно е дека издвоените пари ќе одат за воени технологии од развиените земји.
Економистот Лучиан Исар е сосема во право кога вели дека кога веќе сме донеле таква одлука, тогаш парите би требало да бидат инвестирани во романската воена индустрија, за да се создадат работни места, на пример, за производство на блиндирани „амфибии“ во фабриката „Аутомеканика Морени“ во округот Дамбовица.
Во однос на квалитетот на животот на граѓаните на Романија би била погорда ако мојата земја имаше толку добар образовен систем, како што е финскиот или ако ја следеше Франција не по буџетот за воени расходи, ами во успешното излегување од демографската транзиција.
Социлогот Мариус Лазар уште во 2009 година на една јавна дискусија во Фондацијата „Фридрих Еберт“ побара национален пакт за демографијата, придружен со интегрирана стратегија.
Наместо со национален пакт за демографија кој ќе донесе активна политика за стимулирање на раѓањата, како во Франција, и за подобрување на системот за јавна здравствена заштита за продолжување на животниот век и за реинтегрирање на возрасните луѓе на полето на трудот, Романија се гордее со пактот за вооружување. Во една криза на општествените богатства, кои изгледаат намерно лошо управувани со цел да бидат прватизирани, Романија излегува на шопинг по воена технолигија.
Неодамнешниот пакт за одбрана е првата активност на претседателот Клаус Јоханис, и е пример за тоа што се случува кога другите ти ги определуваат националнте приоритети. И од Месечината се гледа дека Романија нема потреба од Мистрал, туку од демографскиот пакт. Пофалбата од НАТО, од Стејт департментот, од ММФ или Европската комисија за некои политичари кои држат државни позиции, е поважна од националните интереси.