Ќе забележите дека масовно се копа, но има неколку работи кои се спорни во ова. Прво, веќе поставеното прашање до министерот Јанакиески од страна на Општинската организација на СДСМ од Прилеп. Ќе забележите дека механизацијата е обележана со ПЕЛА ТРАНС.
Значи ПЕЛА ТРАНС е фирма којашто е во тесни роднински врски со министерот Јанакиески. За ова, еднаш е прашан, но, одговор нема, согласно транспарентноста на Владата.
Второ, она што е спорно со овај случај, е што до никаде не се завршени работите со пречистителната станица. морам да напоменам дека ова се пари од ИПА обезбедени од програмата 2007 – 2009 година. Значи, овие пари не се вечни. Ако веќе не се потрошат овие пари ќе ги изгубиме. Извесно е дека ќе има проблеми со изведбата.
Но, од гледна точка на граѓаните на општина Прилеп, треба да се загрижени, со оглед на фактот, дека нешто што сме можеле да го имаме во 2007/8, евентуално во 2009 година, сеуште го немаме во 2015 година. И којзнае, кога ќе биде направена пречистителната станица. Ова, пак, зборува за капацитетот и на општина Прилеп, меѓутоа и на Министерството за транспорт и врски и на Министерството за финансии, во крајна линија како потписник на сите тие проекти.
Поучени од сите овие лекции и искористувајќи ги сите можности што ЕУ ги нуди, СДСМ кога ќе дојде на власт, сигурно ќе постапува поинаку. Овие проекти ќе бидат завршени во рекордно време. вели Лидија Димова.