(ВИДЕО) Амбасадорот Бејли: Тука сум да и’ помогнам на Македонија да се интегрира во ЕУ и НАТО

Од:

Новиот американски амбасадор во Македонија, Џес Бејли, денеска се обрати со видео порака во која вели:

Здраво!

Јас сум Џес Бејли, новиот американски амбасадор во Република Mакедонија. Чест ми е, а и на моето семејство, што ќе бидeме во Mакедонија во наредните неколку години.

Повеќе од 20 години, Соединетите Држави и Македонија градат динамично партнерство. Јас имам намера да ги зајакнам нашите односи, и да и помогнам на Македонија да го реализира својот потенцијал како динамична, мултиетничка и просперитетна демократија, целосно интегрирана во евроатлантската заедница.
Веќе 29 години работам како дипломат во Европа, на Блискиот Исток, во Африка и во Азија. Јавната служба е значајна за мене и за моето семејство. Јас и мојата сопруга Кејпи се запознавме кога работевме во Амбасадата на САД во Сенегал. Нашиот сит Ноа е студент и кога ќе дипломра ќе стане офицер во Морнарицата на САД.

Мојот пат кон дипломатијата започна кога имав 16 години и кога заминав во Франција на едукативна програма за размена. Таа година во мене се всади трајната вредност на градење односи и пријателства помеѓу луѓето од разни земји, а не само помеѓу владите. Еден од моите приоритети ќе биде развивањето на тие врски помеѓу учениците, студентите и младите од нашите земји.

Јас и моето семејство со нетрпение чекаме да ја истражиме богатата традиција и природните убавини на Македонија. Желни сме да скијаме и да се качуваме по планините на Македонија, како и да се прошетаме по брегот на Охридското и на Дојранското езеро. Исто така, сакаме да научиме повеќе од вас, луѓето на оваа прекрасна и историска земја.

Би можело да ве интересира

Трамп: Иран сака договор со САД, одлуката е на Вашингтон

Телеграф: Хутите се подготвуваат да го блокираат Баб ел Мандеб, Иран сака ситуација како во Хормуз

Иран: Нема да го почитуваме договорот со САД ако немаме корист од него

САД со остра порака до Иран: „Склучете договор или нема да ви остане ништо“

Иран ја ослободи Американката која беше држена во земјата од 2024 година

САД го бомбардираа градот Ахваз, ударните бранови сериозно ја оштетија Детската онколошка болница

Горан Наумовски