Заменик-директорот на Агенцијата за разузнавање, Мухамед Исмаили е разрешен од претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов.
Како што објави Алсат-М, револтот кај вработените Албанци во Агенцијата за разузнавање е голем и тие не ја прифаќаат одлуката на претседателот за разрешување на заменик-директорот. Ваквиот потег на Иванов се доживува како одмазда кон ДУИ, која ги бојкотираше последните претседателски избори.
Во оваа институција, со новата систематизација, предвидена од претседателот, во чија ингеремција е Агенцијата, не е предвидена функција заменик-директор.
Досегашниот заменик-директор на Агенцијата за разузнавање, Мухамед Исмаили, во ова институција започна со работа во 1999 година, а од 2003 година ја извршуваше функцијата заменик-директор. Ќе се види дали оваа одлука за разрешување е политичка или причина е новата систематизација.