Фетулах Ѓулен: Ердоган ја води Турција кон тоталитаризам

Од:

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган со начинот на своето владеење ја води Турција кон тоталитаризам, оцени исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен во авторска статија во весникот „Њујорк Тајмс“.

Според Ѓулен, кој е некогашен сојузник на Ердоган, а сега еден од неговите најжестоки критичари, турскиот претседател секоја форма на критика на неговото владеење ја поистоветува со предавство.

Ѓулен во статијата ги обвинува лидерите на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП), чиј основач е Ердоган, дека „секоја демократска критика ја сметаат за напад врз државата“.

– Сметајќи го и најмалиот глас на кртика како непријателски или иште полошо како предавство, тие ја водат државата кон тоталитаризам, наведува Ѓулен, кој од 1999 година живее во САД и ретко излегува со свои изјави и коментари во јавноста.

Проповедникот во текстот изразува жалење што Турција „ја пропуштила историската шанса“ да стане демократска држава и членка на ЕУ, затоа што со неа управува власт која ја „враќа земјата назад и ги изложува на напади цивилното општество, медиумите, правосудството и слободната иницијатива“.

– Турција е доведена во состојба во која речиси целосно исчезнаа демократијата и човековите права. Се наедвам дека турските избирачи ќе ги искористат своите законкси и демократски права и одново во свои раце ќе ја преземата иднината на земјата, наведува Ѓулен по повод парламентарните избори во Турција што треба да се одржат во јуни годинава.

Турските власти денеска соопштија дека му го поништиле пасошот на Ѓулен, со кој тој пристигнал во САД и добил право на престој.

Анкара, информирајќи го Вашингтон за поништувањето на пасошот на Ѓулен, како причина за ваквиот потег го навела давањето „лажни податоци“. Според некои правни лица, доколку се докаже дека Ѓулен давал лажни податоци кога ги поднесувал документите за добивање право на престој во САД, тоа може да доведе и до негова екстрадиција од земјата. Ѓулен досега поседуваше т.н. „зелен пасош“, каков што имаат само одреден круг на турски државни службеници.

Судските власти во Истанбул во декември минатата година издадоа налог за апсење на Ѓулен, кој е осомничен за „создавање и раководење со терористичка организација“.

Турската Влада го обвинува движењето на Ѓулен, „Хизмет“ за организирање заговор за соборување на власта и за создавање „паралелна држава“ со помош на своите приврзаници во полициските и судските кругови.

Би можело да ве интересира

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

Русинка го оставила своето новороденче на аеродромот во Турција: „Не знаев дека сум бремена“

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција