Давутоглу: Турските власти планираат да го поддржат туристичкиот сектор

Од:

Турските власти имаат намера да му дадат поддршка на туристичкиот бизнис со државно кредитирање и дотации за авиопревозници заради економските проблеми на Русија и некои други држави, изјави денеска турскиот премиер Ахмет Давутоглу.

– Турција лани беше посетена од 40 милиони туристи и во план е таа бројка да биде зголемена до 50 милиони. Оваа година можно е да имаме проблеми поврзани со последиците од економските кризи во Русија и Иран како и други држави, рече Давутоглу.

Тој додаде дека владата реагирала откако добиле информации за откажување резервации.

Давутоглу појасни дека Владата ќе обезбеди дотации од 6.000 долари за плаќаање гориво за секој авион кој пристигнува од тие држави.

Поддршка ќе има и за туроператори со поволни кредити и оти долгови на туристички фирми ќе бидат замрзнати.

Најмногу туристи во државата пристигнуваат од Германија и Русија.

Би можело да ве интересира

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

Русинка го оставила своето новороденче на аеродромот во Турција: „Не знаев дека сум бремена“

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција