Суд во Букурешт денеска на 22 години затвор го осуди судијата Мирче Молдован, кој беше обвинет дека примал поткуп во замена за пресуди во корист на некои од најбогатите романски деловни луѓе, објавија денеска локалните медиуми.
Апелацискиот суд на Букурешт од судијата Молдован, исто така, заплени еден луксузен автомобил и одредена сума пари, пренесоа американските медиуми.
Пресудата се уште не е правосилна, а судијата има право на жалба.
Судот, исто така, на затворска казна од четири години и четири месеци го осуди бизнисменот Дан Адамеску, додека судијата Елена Ровента е осудена на пет години и десет месеци затвор.
Адамеску е осуден затоа што во декември 2013 година му наложил на својот адвокат, кој после апсењето на судијата изврши самоубиство фрлајќи се под воз, да ги поткупи судиите со 20.000 евра за да пресудат во негова корист во неколкуте случаи на банкрот на неговите компании.
Адамеску ја негира вината.