Спуштањето со скејтборд по надолнини е адреналинска работа, но понекогаш таа забава се претвора во незгода.
Група на момчиња се спуштаа на своите скејтборди по надолницата на која „развија“ брзина од 60 км/час, кога на еден од нив налета срна. Несреќното момче заедно со срната слета, во облак од прашина, надвор од патот.
Момчето што ја направи снимката рече дека е сигурен дека срната е неповредена, што не може да каже за колегата скејтер.