(ВИДЕО) Царовска: Хонорарците ќе останат без денар, веднаш да се повлече законот

Од:

Бараме власта на Груевски веднаш да ги повлече штетните, диксриминаторски и противуставни законски решенија за хонорарците. Укажавме на последиците од избрзаните и непотребни законски измени. Немаше слух лакомата власт којашто ја предвиде од 1 јануари примената на 37 процентното оданочување на авторските договори и договорите на дело, рече Мила Царовска, претседателка на Kомисијата за труд и социјална политика на СДСМ.

Сега поради необмисленоста на Владата, граѓаните кои во јануари треба да земат хонорар над 9590 денари, нема да може да си ги земат парите!

Агенциите што треба да ја направат исплатата, немаат јасни насоки од надлежните инстуции за процедурата за исплата и затоа не исплаќаат хонорари над овој износ.

Граѓаните кои чесно заработуваат за парче леб, не само што мораат да оставаат по 37 проценти од нивниот хонорар во Буџетот по основ здравствено и пензиско осигурување.

Луѓето не можат да си го земат ни останатиот дел од парите за месец јанури!

Каква спротивност со патните трошоци во илјадиници евра од Буџетот што се веќе во џебовите на функционерите од власта, нели?!

По месец од стапувањето во сила на еден од најштетните закони, за авторски договори и договорите на дело, Владата на Никола Груевски сеуште неможе да ги направи пресметките.

Немаат објавено Правилник и се во целосен хаос како да го спроведат импровизираниот проект со којшто брзаа, за крадење од граѓаните.

Имаме информации дека дел од работодавачите ќе ги намалат хонорарите под минималната плата, за да не ги чекаат пресметките на тромите институции.

На овој начин, голем број граѓани не само што пак ќе останат без пензиско и здравствено осигурување, туку ќе добијат и пониски примања.

Предложивме да не се брза со непромислени решенија што дополнително ќе удрат по осиромашените граѓани.

Предложивме правичност – прогресивност во оданочувањето, оној кој има повеќе доход да врати повеќе во Буџетот, за оние со најнизок доход се ослободат од плаќање придонес.

Но Владата го прави спротивното. Од плаќање данок се ослободени сите лица кои ќе земат хонорар над 185.000 денари. Владиниот закон е привилегија за богатите. А останатите граѓани кои имаат авторски договори и договори на дело, иако ќе плаќаат здравствено и социјално осигурување за да ги полнат буџетите на празните фондови, и понатаму нема да ги користат придобивките на Законот за работни односи (одмор, боледување, К-15…)

Дојде времето на плаќање на сметките од погрешните политики на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Антифашизмот е нашиот темел, борбата за слободна и праведна Македонија е наша обврска

А1он

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

(ВИДЕО) СДСМ: Директорка на училиште и нејзин помошник се коцкале во казино за време на екскурзија во Монте Карло

(ВИДЕО) Цветаноска: Ребаланс затоа што нема пари за плати и пензии

А1он

Жерновски: Фон дер Лајен му ја зеде лагата на Мицкоски за идентитетот – сега намерно разгорува тензии пред средбата во Бугарија

(ВИДЕО) Филипче: Фон дер Лајен ги разобличи лагите на Мицкоски за македонскиот идентитет

А1он