Мултинаменски комплекс ќе се гради на потегот од Гевгелија кон „Богородица“

Од:

Во Гевгелија денеска јавно беше презентиран изменетиот и дополнет дел од урбанистичкиот план за мултинаменски стопански комплекс што ќе се гради на потегот од Гевгелија кон граничниот премин „Богородица“ во планскиот период 2014-2024 година.

На површина од 10,8 хектари планирано е да се градат големи трговски единици, хотелски комплекси, комунална и некомпатибилна инфраструктура.

Граѓаните и правните лица од подрачјето опфатено со планот можат своите забелешки, предлози и мислења да ги достават писмено на анкетни листови што треба да се достават во Одделението за урбанизам на општина Гевгелија во следните десет дена додека трае спроведувањето на јавната анкета.

Би можело да ве интересира

Струмичанец им се заканувал на полицајци, а потоа искршил заштитно стакло

Мицкоски: Германските стопанственици гледаат огромен потенцијал во Владата, очекуваат да се реализираат големи инвестиции

Градоначалник асфалтирал улица, сега е осомничен за две кривични дела

Горан Наумовски

Мицкоски: Во периодот што следи работиме на три нови инвестиции

Влада: Инвестираме историски највисоки 250 милиони евра за капитални проекти во општините

Во Гевгелија синоќа пронајден починат маж без документи за идентификација