Најмалку 12 лица загинаа, а 46 се ранети во последното деноноќие во борбите меѓу украинските сили и проруските сепаратисти во источниот дел на Украина.
Според локалните властите на главното упориште на сепаратистите, Доњецк, минатата ноќ во судирите во реонот околу овој град загинале седум цивили, а уште 23 се ранети.
Украинската армија од своја страна соопшти дека во борбите загинале петмина нејзини војници, а 23 се ранети.