Средба на Зоран Заев со амбасадорката на Австралија за Македонија, Јулија Фини

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев придружуван од претседателот на Комисијата за надворешни работи, Виктор Габер денеска оствари средба со Јулија Фини, амбасадорката на Австралија за Македонија.

Недостатокот од минимум демократски капацитет на институциите, преклопувањето на државата и партијата, загрозената слобода на изразување, беа клучните теми на коишто се разговараше на средбата.

Претседателот Заев истакна дека големите проблеми со коишто се соочува државата, миграцијата на младите поради големата невработеност и назадувањето на земјата во евро-атлантските интеграции се само некои од показателите дека Македонија во последните години скршна од вистинскиот пат.

СДСМ останува цврсто на ставот дека враќањето на демократијата и слободата се основа за враќање на државата во нормален колосек и дека преку разговори за 5те теми што ги предложи опозицијата е можен излез од политичката криза по нерегуларните избори.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски како некој уличар, ја злоупотребува функцијата претседател на Владата за однапред да и се заканува на опозицијата

ВИДЕО: Мицкоски „има чувство“ дека поранешни премиери, функционери на СДСМ и нивни блиски ќе бидат опфатени со прогони

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија