СДСМ: ЕЛЕМ лаже

Од:

Државната компанија ЕЛЕМ којашто со амин на власта на Груевски, наместо со јаглен, произведува струја со мазут, мисли дека ние граѓаните пиеме нафта, па ќе им поминуваат бесконечно лагите.

Нема увоз на струја? Не, увоз на струја има и тоа го плаќаат граѓаните!

Од ЕЛЕМ велат:

„Термоблокот за којшто зборуваат од СДСМ е потполно технички и технолошки функционален и подготвен да влезе на мрежа согласно потребите од електрична енергија на електро енергетскиот систем.“

Ако навистина е така, раководствата на ЕЛЕМ и на РЕК Битола нека одговорат зошто се прави увоз на електрична енергија за потребите на тарифните потрошувачи, што е обврска на ЕЛЕМ?

Еве линк до дневните информации на АД Мепсо

Официјално, од државната компанија АД МЕПСО е регистрирано дека часовните потреби на тарифните потрошувачи, тоа се граѓаните на Република Македонија, се околу 900 MWh/h електрична енергија, а вкупното хидро и термо производство од АД ЕЛЕМ е едвај 730 MWh/h.

Значи недостасуваат уште 170 MWh/h електрична енергија, којашто согласно ситуацијата мора да се увезе.

Зошто да се увезува, ако Блок 1 од РЕК Битола е “технички спремен и само чека наредба да биде пуштен во работа“?

Од кого наредба?

Доколку беа “технички спремни“ производните капацитети на АД ЕЛЕМ, зошто во декември 2014 година за тарифните потрошувачи се увезени дополнителни 210 GW/h електрична енергија?

Во пари, тоа се околу 10,5 милиони евра, дадени за увоз на електрична енергија, што треба да ги платиме ние граѓаните!

Еве и овие информации се официјално објавени во Диспечерскиот извештај за декември 2014 година, од страна на АД МЕПСО.

Во Извештајот стои дека за месец декември 2014 година АД ЕЛЕМ од Блок 1 во РЕК Битола планирала производство од дури 140 GWh/h електрична енергија.

Во декември 2014 година биле произведени НУЛА!

Од другите два блока, 2 и 3, планирано било планирано производство од 280 GWh електрична енергија, а произведени биле само 233 GWh/h.

Од РЕК Осломеј планирано било производство од 59,5 GWh/h електрична енергија, а реализирани се само 19,4 GWh/h.

Или, вкупно, од термоенергетските капацитети било планирано производство од 480 GWh електрична енергија, а реализирани се само 252.7 GWh/h електрична енергија. Тоа е само половина од планираното.

Повторно повикуваме, раководствата на РЕК Битола и АД ЕЛЕМ да соопштат што стои зад постојаните дефекти на блоковите на еден од столбовите на електро – енергетскиот систем. За несовесно работење, спротивно на интересите на граѓаните се одговара по закон.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Власта на Мицкоски спроведува опасна партизација на АНБ и крши закон, Христовски да биде разрешен

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Ниту тунелот бил слеп, ниту нова траса за пругата, уште една лага на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Јанчева: ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска се единствени виновници за најлошиот јавен превоз во Европа

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ е против етнички институции-советниците нема да ги гласаат буџетите во тие општини

ВМРО-ДПМНЕ: СДС на патот на Македонија кон Брисел испорача само селфи и лаги

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска се виновни за најлошиот јавен превоз во Европа