(ВИДЕО) Ковачевски: Нова хаварија во РЕК, власта влече потези во паника

Од:

Нова хаварија има во РЕК Битола! Повторно не работи еден од трите блокови, Блок 1, којшто беше во прекин цели 100 дена. Блокот работеше само една недела, од 11 до 18 јануари. Ситуацијата со рударско-енергетскиот комбинат е крајно алармантна, рече Васко Ковачевски.

Поради постојан дефект на некој од блоковите, РЕК Битола, столбот на енергетскиот систем во Македонија, не може да работи со полн капацитет.

Поради ова штети трпи државата којашто е принудена да увезува скапа струја. Но и граѓаните врз чиј грб паѓаат постојаните поправки на блоковите, иако стотици милиони евра народни пари отидоа во нивна реконструкција!

Овојпат, Блок 1 има проблеми со турбината. Според информациите што ги имаме, за само за 15-тина минути истекле повеќе од 30 тони турбинско масло што завршло во кулата за ладење. Ова е и еколошка катастрофа, по континуираната енергетската криза што ја предизвикува нестабилното работење на комбинатот. Само во изминатите 20-тина дена, има пет испади и пуштања во повторна работа на блоковите.

Дали ова е резултат на неквалитетен ремонт на блоковите, нестручност на партиските раководите кадри или намера за намалено домашно производство за сметка на скапиот увоз на струја?

Бараме од ова прашање да не бегаат раководството на РЕК, раководството на ЕЛЕМ и Владата на ВМРО-ДПМНЕ посебно што поради проблематичното функционирање на комбинатот се доведуваат во ризик и животите на вработените.

Според наши информации, власта и раководството на ЕЛЕМ се вознемирени од информациите што допираат до јавноста за сериозните дефекти на комбинатот, поради што во РЕК Битола бил направен полициски увид, а неколкумина вработени биле повикани и на распит.

СДСМ бара одговорните во ЕЛЕМ и РЕК Битола, веднаш да поднесат оставки од раководните позиции и да бидат искрени кон граѓаните, каде лежи вистинскиот проблем со дефектите во РЕК.

Порачуваме, дека никој нема да ја избегне одговорноста за несовесно работење и уништување имот и средства во државна сопственост.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Јанчева: ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска се единствени виновници за најлошиот јавен превоз во Европа

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ е против етнички институции-советниците нема да ги гласаат буџетите во тие општини

ВМРО-ДПМНЕ: СДС на патот на Македонија кон Брисел испорача само селфи и лаги

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска се виновни за најлошиот јавен превоз во Европа

СДСМ: Одвојувањето на Албанија и прекинот на преговорите со ЕУ е голем пораз на Мицкоски

Лефков: Иако се сликаа во авионот носејќи го датумот за почеток на преговори со ЕУ, СДС не оддалечи уште толку од вратите на Унијата

Катерина Ѓуровски