Водата се повлекува кај Јосифово и Марвинци, сообраќајот нормализиран

Од:

Дирекцијата за заштита и спасување соопшти дека на потегот меѓу Јосифово и Марвинци, Валандовско, каде што поради излевање на реката Вардар се поплавени овоштарници, водата се повлекува и сообраќајот е нормализиран.

Во општините Конче, Радовиш, Крива Паланка, Пробиштип, Струмица, Штип, Карбинци,…, е ангажирана потребната механизација за санирање на оштетените патишта, објекти, делови од мостови,…

На Струмичка река кај село Турија во Босилево се прават насипи и се подготвува регулација за испуштање на езерото со оглед дека има опасност од излевање на реката.

Дирекцијата за заштита и спасување преку своите подрачни единици постојано ја следи состојбата на терен, а во Владата попладнево ќе се оддржи состанок на Координативното тело за справување со кризи во проширен состав.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Австралиски новинар го прекина преносот за да спаси возач од поплавa

Меѓународен ден за намалување на ризикот од катастрофи: Подготвеноста за поплави почнува дома и спасува животи

(ВИДЕО) Страшна буица го „проголта“ Големиот Кањон – бран висок 4,5 метри однесе сè пред себе

Горан Наумовски

Бројот на жртви во поплавите во Непал достигна 903

Бројот на жртви од поплавите во Непал и Тибет достигна 676

359 загинати – се стравува од нов бран наноси во Непал

А1он