Опаѓаат водостоите на реките, утре минимално зголемување

Од:

Водостојот на реките во Република Македонија продолжува да опаѓа во текот на денов, но врнежите од дожд утре ќе предизвикаат минимално зголемување.

До крајот на денот се очекува претежно облачно време со слаб до умерен северен ветер и со повремени слаби врнежи од дожд на планинските предели. Управата за хидрометеоролоши работи соопшти дека доцна попладне најпрво во јужните и крајно западните, а подоцна и во источните делови на државата ќе има повремен локален дожд, кој во текот на ноќта и на некои пониски места ќе преминува во снег.

Утре се очекува врнежите од дожд повремено да имаат и умерен карактер и да наврнат до 15 литри на метар квадратен што може локално на некои места минимално да ги зголеми водостоите на реките, но не како во претходните денови. Студеното време и северниот ветер во текот на утрешниот ден ќе условат врнежи од снег на повисоките места и спречување на истекувањето на водата во горните делови на речните сливови.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Поплава во Белград, невремето создаде хаос: Автопат под вода, возачите не можат да си го видат патот

Нема опасност за населението по излевањето на Маркова Река, евидентирана е само материјална штета

Горан Наумовски

Маркова Река се излеа во село Батинци, нема потреба од евакуација

ВИДЕО: Бројот на жртвите во Шпанија надмина 200, се стравува дека бројката може да се удвои

ВИДЕО: Поплави, свлечишта, затворена железница и училишта во Италија

ВИДЕО: Драматично спасување во Босна

Катерина Ѓуровски