Киев прогласи вонредна состојба во Источна Украина

Од:

Украинскиот премиер Арсениј Јацењук денеска прогласи вонредна состојба во Доњецката и Луганската област во источниот дел на земјата, поради ескалацијата на судирите со проруските сили, јавуваат украинските медиуми.

Јацењук на седница на владата, исто така, нареди поради влошувањето на состојбата во источниот дел на земјата целата територија на Украина да биде во состојба на висока подготвеност, соопшти украинската Влада.

Во Источна Украина изминатите неколку недели дојде до нагла ескалација на ситуацијата, вклучително гранатирање на Маријупољ за време на викендот, при што загинаа десетици луѓе.

Амбасадорите во Украина и 28 земји членки на НАТО денеска ќе одржат вонредна седница на барање на Киев, на која ќе се разговара за најновите судири во Источна Украина.

Освен тоа, вонредна седница на тема Украина е закажана и во ОБСЕ, како и во Советот за безбедност на ОН.

Би можело да ве интересира

Руте: Украина ќе биде членка на НАТО

Руте: Украина мора да биде способна да ги започне преговорите со Русија од позиција на сила

Горан Наумовски

Зеленски го претстави победничкиот план, има пет точки

Серија воздушни напади врз Киев

Тарнер: Украина има право да пука во цели во Русија

Русија: Евакуиравме над 30.000 луѓе од пограничните области со Украина