Рускиот патријарх Кирил ги оцени за детски карикатурите на муслиманскиот пророк Мухамед во францускиот сатиричен неделник „Шарли ебдо“, во однос на навредите кои весникот ги има упатено на сметка на христијаните, пренесе „Русија 24“.
Тој во своето обраќање до верниците рече дека е против тероризам, но против навреди на верските чувства.
-Треба да кажеме „не“ на тероризмот, убиствата, насилствата, но исто така треба да кажеме „не“ и на поривот на група луѓе да ги навредуваат верските чувства – порача рускиот патријарх.
За потсетување во теротистичкиот напад на редакцијата на „Шарли ебдо“ во Париз пред неколку недели беа убиени 12 лица, а повод за нападот е одмазда поради објавување карикатура на пророкот Мухамед.
Е. Г.