Секојдневните несреќи и насилното однесување се честа појава во Русија. Она што е интересно е дека сите инциденти се детално снимени благодарејќи на камерите кои се поставени во автомобилите, кои станаа вистински хит во Русија.
По сообраќајната нереќа во Русија, најчесто возачите вадат секири или шипки од автомобилот и тргнуваат во пресметка.
Честа појава се и автомобилите кои на сред пат предизвикуваат општ хаос, алкохолизирани возачи кои ја губат контроата над возилото или ситуација кога група набилдани момчиња одеднадеш пристигнуваат да го соберат автомобилот кој застанал на пешачки премин и со голи раце го носат.
Голем број на овие снимки се појавија поради тоа што речиси секој автомобил има вградаена камера која ја снима состојбата на патот.
„Русија после Јужна Кореја е најголемиот светски пазар за овие уреди“, вели претставник на британската компанија “Car Camera Systems UK” Стик Ворен.