Порошенко: Украина ќе се бори до победа против проруските сепаратисти

Од:

Украина ќе се бори се до победа против проруските сепаратисти, изјави денеска украинскиот претседател Петро Порошенко, веднаш откако бунтовниците соопштија дека започнуваат офанзива за освојување на градот Мариупољ.

Според последните податоци, најмалку 30 лица загинаа во денешниот артилериски напад на стратешки важниот пристанишен град Мариупољ, за кој двете страни во конфликтот меѓусебно се обвинуваат.

Украинскиот претседател, кој ќе ја прекине посетата на Саудиска Арабија, за утре свика вонредна седница на Советот за национална безбедност со цел да се преземат дополнителни мерки поради драстичното влошување на ситуацијата во источниот дел од земјата.

Претставникот на самопрогласената „Доњецка Народна Република“ во мировните преговори, Денис Пушилин ги обвини властите во Киев за прекин на процесот.

Би можело да ве интересира

Руте: Украина ќе биде членка на НАТО

Руте: Украина мора да биде способна да ги започне преговорите со Русија од позиција на сила

Горан Наумовски

Зеленски го претстави победничкиот план, има пет точки

Серија воздушни напади врз Киев

Тарнер: Украина има право да пука во цели во Русија

Русија: Евакуиравме над 30.000 луѓе од пограничните области со Украина