Во прекин е железничкиот сообраќај Демир Капија – Гевгелија поради прекин во железничката пруга како последица на обилните дождови кои го зафатија Демиркаписко, информира Тихомир Каранфилов од одделението за односи со јавноста при Центарот за управување со кризи.
– Според она што го имаме како информација засега, поплавени се и подрумски простории во Специјалниот завод во Демир Капија. Се работи на отстранување на водата. Поради излевање на реката Бошавица на едно место е скинат заштитниот насип на улицата Партизанска која е полна со вода па се работи и таму на поправка на насипот, нагласува Каранфилов.
Според него, на терен се екипи кои ги констатираат штетите и дали има поплавени куќи. Се работи на отстранување на последиците.