Министерот за надворешна трговија и економски односи на Босна и Херцеговина, Борис Тучиќ поднесе оставка на функцијата, затоа што властите во Сараево подготвувале продажба на оружје на Украина, јави Танјуг.
Како што соопшти денеска претседателот на Република Српска, Милорад Додик, Тучиќ поднел оставка затоа што не сакал да даде согласност за продажба на оружје за Украина, „воден од принципот дека не треба да и се доставува вооружување на земја која војува со Русија“.
Додик нагласи дека Тучиќ бил изложен на огромен притисок да се согласи на продажбата, но дека сепак постапил морално и поденел оставка.
– Остануваме принципиелно против испораката на оружје во реони во кои се војува… Русија јасно кажа што мисли за таквата испорака и за БиХ, односно за Република Српска, не би било добро да учествува во тоа, истакна Додик.
Тучиќ е член на Сојузот на незвисните социјалдемократи (СНСД), чиј лидер е Додик.