Порошенко: Украина ќе остане унитарна држава

Од:

Украинскиот претседател Петро Порошенко ја исклучи можноста за федерализација на Украина, јави ТАСС.

– Речиси 100 проценти од граѓаните сега се за единствена држава. И големо мнозинство Украинци ја гледаат како унитарна, а не федерална. За мене како претседател единството на земјата и на нацијата е исто вредно, како и за сите мои сограѓани, изјави Порошенко.

Порошенко нагласи дека е должен да ги земе предвид чувствата на малцинството во Украина, како и дека има принципиелни нешта, кои не може да бидат предмет на компромис. – Прво, Украина нема да биде федерална и ќе остане унитарна држава. Второ, европскиот избор не е предмет на дискуција. Трето, единствен државен јазик е и ќе биде украинскиот, нагласи тој.

Прашањето за религијата и јазикот ја делеше земјата и претходно, но денеска Украина е единствена и подготвени сме да организираме референдум за сите прашања, за јазикот, структурата на земјата, за унитарниот статут, кој впрочем го поддржуваат сите, истакна Порошенко.

Би можело да ве интересира

Руте: Украина ќе биде членка на НАТО

Руте: Украина мора да биде способна да ги започне преговорите со Русија од позиција на сила

Горан Наумовски

Зеленски го претстави победничкиот план, има пет точки

Серија воздушни напади врз Киев

Тарнер: Украина има право да пука во цели во Русија

Русија: Евакуиравме над 30.000 луѓе од пограничните области со Украина