Рамноправноста во бракот ги зачестува разводите

Од:

Рамноправната поделба на обврските во домаќинството и во семејството не ги прави жените и мажите посреќни, туку напротив се чини дека таа го зголемува ризикот од полесно прибегнување кон одлука за развод.

Ова е дел од заклучоците кои произлегуваат од една норвешка студија под наслов „Рамноправност дома“, изготвена од истражувачкиот институт „Нова“.

Според студијата, ризикот од развод во текот на првите четири години од бракот е најголем кога мажот извршува исто колку и жената или уште поголем дел од домашните работи.

Таквиот заклучок има свое објаснување, меѓу другото, во вреднувањата и односот спрема традиционалните сфаќања.

Не значи дека рамноправната поделба на домашните обврски треба да значи ризик од развод, но меѓу двојките каде што мажот презема поголема обврска за домаќинството владее „помодерен“ поглед на бракот и заедничкиот живот.

Тоа, пак, може да води кон полесно донесување одлука за развод, отколку меѓу двојките кои живеат според традиционалните норми, пишува норвешкиот весник „Афтенпостен“.

Освен тоа, врз основа на споменатата судија, може да се констатира и тоа дека рамноправната поделба на домашните обврски е поприсутна појава меѓу сопружниците кои имаат високо образование.

Би можело да ве интересира

Анџелина Џоли го шокираше водителот – сите гледаа во нејзините стапала

Предраг Петровиќ

Ќерката на Клинт Иствуд, фотографирана по ноќно излегување, падна додека влегуваше во автомобил

Предраг Петровиќ

Принцот Вилијам седум години не сакал да се омажи за Кејт Мидлтон

Предраг Петровиќ

Крипто-претприемачот ја изеде бананата- „уметничкото дело“ за кое плати 6,2 милиони евра

Предраг Петровиќ

Ѕвездата на серијата на Нетфликс пред суд: 26 обвиненија, сексуално злоставувани жени и деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Со куќа и палма на глава, во кутија..почна борбата за Мис Универзум