Четири руски медиуми добија предупредувања, откако ги објавија неодамнешните карикатури на исламскиот пророк Мухамед на парискиот сатиричен неделник „Шарли ебро“, изјави портпаролот на рускиот Совет за надзор на медиумите, Роскомнадзор, Вадим Ампелонски.
– Минатата недела одвоивме многу време за да ги објасниме нашите ставови за тие карикатури, а сега е време да преминеме кон санкции, истакна тој.
Сајтовите Runews24.ru i RB.ru, локална информативна агенција од Санкт Петерсбург и регистриран во Русија казахстански информативен сајт добија предупредувања од надзорниот орган.
Согласно рускиот Закон за медиуми, медиумот кој ќе добие две предупредувања во текот на годината треба да ја прекине работата.