Шест лица загинаа при напад на украинските сили врз градот Стаханов во областа Луганск, изјави лидерот на самопрогласената „Луганска Народна Република“, Игор Плотницки.
Во нападот биле разурнати три детски градинки, каде за среќа немало никој, а истрелите се уште продолжуваат.
Плотницки истакна дека украинските сили се многу активни во последните денови во овој реон, нагласувајќи дека украинскиот претседател Петро Порошенко „му објавил војна на сопствениот народ“.