Кога неизбежно се гледа крајот на бракот, најлесно е да се обвини другиот. Но, причините најчесто биле присутни уште од самиот почеток, но сте ги игнорирале.
„Хафингтон пост“ ги открива можни причини за крај на бракот кои биле видливи и пред да се изговори судбоносното „да“. Осум знаци кои покажуват дека вашиот брак нема да успее:
Различни ставови за финансии
Ако во раната фаза имате конфликт околу парите и имате различен став за тоа, тоа не е добар знак. Истражувањето на Универзитетот во Канзас Сити покажа дека токму парите се најголема причина за крај на бракот, без оглед на општествениот статус.
Пребрзо сте се венчале
Иако тука нема строги правила, сепак, истражувањето на универзитетот Емори покажа дека стапката на разводи е обратно пропорционална на должината на врската пред влегување во брак. На пример двојката која е во врска три години има 39 отсто помалку веројатност дека ќе се разведе, од двојката која пред влегување во брак биле една година во врска.
Различни навики пооврзани со алкохолот
Сосема очигледно, двојките каде едниот партнер е зависен од алкохол е осуден на пропаст, потврди истражувањето кое го спроведе Универзитетот во Бафало. Интересно е ако двајцата се склони кон алкохолот, помала е веројатноста за развод. Разликите во навиките (повеќе и од самот алкохол) поточно предизвикуваат проблеми.
Двајцата сакаат предбрачен договор
Ако повеќе време сте потрошиле на детали околу предбрачниот договор, отколку на подготовките за брачното патување, тоа не е добар знак за идниот брачен живот. Желбата за потпишување предбрачен договор е јасен показател дека нема целосна доверба меѓу партнерите. Брачните двојки кои ги делат своите финансии имаат поголеми шанси за успех.
Имавте раскошна свадба
Според истражувањето на универзитетот Емори, поголема веројатност за развод имаат оние двојки кои потрошиле многу пари на свадбата.
Имате разведени членови во семјеството или меѓу пријателите
Разводот е како социјална зараза која се шири меѓу пријателите и семејството. Ако некој се разведе во вашата околина, голема е веројатноста дека тоа ќе ви се случи и вас. Лицата кои се разведени можат да влијаат не само на нивните пријатели, туку и на пријателите на своите пријатели.
Голема разлика во годините
Истата студија на универзитетот Емори покажа дека брачните другари меѓу кои постои голема разлика во годините, за жал, многу почесто се разведуваат од оние кои се во исти или приближни години. Имено, брачните другари со десет години разлика имаат 39 отсто повеќе шанси за развод од брачните другари со исти години, покажа истражувањето.
Млади влеговте во брак
Истражувањето спроведено од „Нејшнл мериџ проџект“ (The National Marriage Project) покажа дека двојките кои стапуваат во брак во доцните тинејџерски и раните 20 години, пред се, побрзо ќе се разведат од оние кои подоцна во животот го изговориле судбоносното „да“.