Петро Порошенко го напушти Давос поради ситуацијата во источна Украина

Од:

Украинскиот претседател Петро Порошенко кој престојуваше во куса посета на Давос на Светскиот економски форум предвреме замина од Швајцарија и се врати во Украина, соопштено е во Киев.

Порошенко го напуши Форумот во Давос поради влошената ситуација во источна Украина и обновата на судирите меѓу украинската војска и проруските бунтовници.

Според украинското Министерство за одбрана, новите судирања избувнаа минатата недела,кога бунтовниците се обидоа целосно да ја преземат контролата врз веќе разурнатиот аеродром во Доњецк.

Набљудувачите на ОБСЕ во Украина објаснија дека борбите се проширени и кон градот кој е под контрола на бунтовничките сили.

Две лица, меѓу кои едно дете, се убиени кај една автобуска станица во Доњецк, а за овој инцидент се обвинува украинската армија која гранатирала делови од градот.

Украина ја искористи новата криза во источните делови од земјата, за да ја обвини Русија не само за обновата на војувањата, туку и дека испратила „дополнителни 700 војници“ за да им помогнат на бунтовниците, во борбата со украинската војска.

Портпаролот на руското Министерство за одбрана, Игор Конашенков ги отфрли украинските обвинувања, означувајќи ги како „халуцинација“ на Киев околу руска инвазија во Украина.

Официјална Москва одново порача дека нема руски трупи на украинскатата територија, но потврди дека таму има доброволци кои војуваат со бунтовниците.

ОБСЕ побара од сите страни во конфликтот веднаш да престанат непријателставата.

Рускиот амбасадор во ОБСЕ, Андреј Келин изјави дека Русија „макотрпно работи“ за да се постигне договор за запирање на судирите, а мисијата на ОБСЕ изрази загриженост за ситуацијата со цивилното население, откако украинската армија потврди дека борбите се прошируваат кон Доњецк.

Во реонот зафатен со војна во источна Украина живеат 5,2 милиони луѓе, над 1,4 милиони имаат потреба од помош, соопштија во својот пследен извештај Обединетите нации.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми