Група христијански верници бараат забрана за изведбата на „Исус Христос Суперстар“ во Ростов

Од:

Управата на Филхармонискиот театар во рускиот град Ростов времено ја запре продажбата на билети за рок-мјузиклот „Исус Христос Суперстар“, откако група локални верници побараа од Јавното обвинителство официјално да го забрани прикажувањато на ова дело кое го сметаат за навредливо.

Обвинителството соопшти дека утре ќе се произнесе по барањето на 18 православни верници од Ростов, кои бараат во нивниот град да не се прикажува „Исус Христос Суперстар“, чија следна изведба е превидена за 18 октомври.

Според иницијаторите на забраната, мјузиклот претставува навреда за христијанската вера.

Операта ја изведува група од Санкт Петерсбург, која досега со ова дело четирипати настапи во Ростов.

Претставник на локалната Православна црква во Ростов се огради од иницијативата за забрана, нагласувајќи дека таа претставува личен ства на група верници.

Би можело да ве интересира

Русија ќе продолжи да лансира интерконтинентални балистички ракети

Ракета погоди станбена зграда и градинка во Украина, загинаа две лица

Нов напад на руски дронoви врз Киев, повредени се три лица

Силен земјотрес ја погоди Русија

Горан Наумовски

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио