Голем број верници присуствуваа на чинот на фрлање на осветениот крст во река Радика.
Меѓу стотината млади од подрачјето на Долна Река, Охрид, Битола, Гостивар, Скопје и други градови, кои се фрлија во водите на Радика, најсреќен беше и осветениот краст го фати битолчанецот Иванчо Младеновиќ.
– На мојата радост и нема крај. Посакувам многу среќа, здравје, благосостојба и мир. Бог нека е со нас, порача Младеновиќ, кого го даруваше локалната власт на општина Маврово Ростуше.
Со верниците, како и изминатите години заедно беше и градоначалникот Мукрем Мехмеди. Фрлањето на крстот беше од Ростушки Мост, а покрај верниците присуствуваа и бигорското братство и рајчкото сестринство заедно со старешината на Бигорскиот манастир, Анхимандрит Партениј.