Дванаесеттиот руски конвој е подготвен да замине за две недели во Донбас, изјави денеска заменик-министерот за вонредни ситуации Владимир Степанов.
– Верувам дека ќе биде испратен кон крајот на јануари или почетокот на февруари, изјави Степанов, јави ТАСС.
Тој избегна да одговори за колкава количина помош станува збор.
– Ќе биде како и досега. Процесот се уште е во фаза на координација. Помошта ќе биде позната кога ќе заврши целата операција, рече тој.