Дојче веле – Бон
Во Германија расте поддршката на движењето Пегида кое го критикува исламот, но расте и отпорот на Пегида. По нападите во Париз станува се појасно дека Германија е расцепена. Тоа е алармантно, смета Волкер Вагнер.
Почна големото преброкување. 30.000 во Лајпциг, 20.000 во Минхен, 19.000 во Хановер, 9.000 во Сарбрукен; вкупно околу 100.000 луѓе во цела Германија и сите се солидарни со весникот Шарли Ебдо. Но и самоповиканите спасители на Европа растат. 25.000 луѓе оваа недела дојдоа на домашен терен на движењето Пегида во Дрезден, тоа е рекорд. Не може да се негира: групите германски граѓани како навивачите на фудбалските клубови се спротивставени со големи ривали. Семето на исламистите убијци никнува и се развива во самиот центар на германското општество.
Пегида расте, Je suis Charlie исто така!
Опасноста на новото движење кое ги собира исламофобните граѓани е неговата социолошка ширина. Тоа повеќе не се само тие кои вечно живеат во минатото, тие кои нервираат со својата параноја за доминација на странците. Тие кои денес за себе велат дека сакаат да ја спасат Германија се речиси познати: неонацисти, хулигани, агитатори во фини одела. Актуелно на руталните прошетки во понеделникот учествуваат пред се и пензионерите. Тоа се луѓе кои поради трошоците за сириските бегалци се плашат за своите пензии. Мајки кои се грижат за своите деца кои во училиште наводно се ставени во втор план поради Ахмед и Ајша. Има дури и академски образован среден слој кои се плашат од пад на општествената скала: И тоа се поради нашите муслимани. Тоа е случај за психотерапевтите.
Ако постоеа само тие патриоти, тогаш на Германија лошо ќе и се пишуваше. Веќе со недели, а посебно по нападот во Париз, многу луѓе на улиците демонстрираат за толеранција и против непријателството кон странците, многу повеќе од Пегидиновиот растечки табор во Дрезден. Со цел респект кон граѓанскиот протест: изјаснувањето Je suis Charlie е сомнително. Бидејќи солидарноста со Шарли ништо не чини, тоа е рефлекс од погоденоста на поголемите делови на нашиот образован среден слој. Не повеќе од тоа.
Многу лицемерие…
Она што ни треба е доследност за моменталната солидарност да се претвори во трајна. Поголема веродостојност кај нашите погодени сограѓани. Самоправедност, во која се валкаат делови од алтернативните сцени, но и припадниците на граѓанскиот табор, едноставно е лицемерна. Се додека атрактивноста на нашата мултикултура тие ја дефинираат со искуства од своите одмори во Тоскана и од егзотичните весници и ресторани во своите фини квартови, солидарноста со нашите муслимански доселеници ќе се изобличи во рутуал на квази-добри луѓе.
Многу луѓе денес се декларираат како Шарли, а притоа никогаш порано не слушнале за тој сатиричен весник, кои своите деца ги праќаат на училиште во друг крај на градот само да го избегнат високиот процент на странци во блиските училишта. Или во своите општини зад кулисите се борат за тоа во близина на нивните отмени станови да не се отвараат бегалски домови. Тоа е толеранција која ништо не чини, тоа е само либерален став. Најважна е фасадата.
Меркел: Исламот е дел од Германија!
На таа фасада не потсети сојузната канцеларка Ангела Меркел. Кристијан Вулф, речиси заборавен поранешен германски претседател, во сеќавањата остана со само едно позитивно дело.
Со својата реченица Исламот е дел од Германија! Тој ја кажа вистината која до тогаш немаше желба да се слушне и поради тоа, со големо задоцнување јасно кажа дека Германија е доселеничка земја. А тоа и Ангела Меркел сега повторно и јасно го потенцира. Дојде време нашите муслимански соседи, работните и спортските колеги да почнеме да ги гледаме како нормален дел од нашиот живот. Се друго би било негирање на фактите.