Во врската „јас“ лесно станува „ние“, а тоа го загрозува идентитетот. Ние готвевме, ние сме уморни, ние сме многу среќни… Во љубовната врска лесно е да се изгуби своето „јас“. Вашите емоции одеднаш не се само ваши, туку, се правите заедно. Тоа предизвикува криза на идентитет, па може да ви се чини дека ќе се изгубите во врската.
Наеднаш не знаете дали некои работи сте ги сакале и порано или тоа е последица од вашиот однос. Во такви односи секогаш едната страна доминира, која своите ставови и мисли ги наметнува на другиот. Три начини како да се спротиставите на тоа, за подоцна да не паднете во криза и да се запрашате што ви се случило.
Пријателите се вистински систем на поддршка
На почетокот на врската возбудата е толку голема што понекогаш се заборава на приајтелите. Но, тоа не е воопшто добро, затоа што тие ви даваат перспектива во животот. Тие без двоумење ќе ви речат дека грешите во нешто, ќе ви помагаат кога ви треба нешто или едноставо се јавувате на телефон во два наутро кога ви е најтешко. Тие ви се систем на поддршка и покрај нив вие ја изградуваат вашата личност. Немојте да ги запоставите поради момче.
Хобито ве прави подобри
Различните хоби се тоа што ве прават тоа што сте, а тоа е најверојатно и она што го привлекува вашиот партнер. Едноставно треба да се следи страста, затоа што поради неа и вие се чувствувате подобро, а со самото тоа ќе можете да бидете подобар партнер. Бидете свои иако сте во врска.
Задржете ги своите ставови
Сосема е во ред со парнерот да делите одредени ставови, но некогаш треба да се покаже и сопственото мислење. Со самото тоа покажувате дека знаете да се поставите и се заземете за себе. Бидете верни на себе, а не зависни од други. Таквото однесување е секако попривлечно.