Популарниот претражувач Гугл со своите карти, фотографии и сателитски снимкии овозможи “влез“ во речиси секој стан или куќа, но има и локации кои Гугл како да не сака да ги видиме и знаеме.
Едно од таквите места кои Google не сака да ги видиме на нивните сателитски снимки е езерото Бејкер во северна Канада, кое од непознати причини во потполност е зацрнето на нивните мапи.
Уште едно од местата кои не можат да се видат на интернет пребарувачот на мапи е и локацијата во близина на границата помеѓу американските сојузни држави Вашингтон и Орегон. Луѓе кои биле на лице место раскажале како таму нема ништо друго освен сомнтителни огради.
Една од најбизарните цензури на Google maps е онаа на стазата на Мазда за испробување на автомобилите во Калифорнија, која многу уочливо е прекриена со бела боја.