Додик за трет ентитет во БиХ

Од:

Претседателот на Република Српска Милорад Додик смета дека е сосема природен стремежот Хрватите да формираат трет ентитет во БиХ, јави Танјуг.

Тој се согласува со изјавата на новоизбраната претседателка на Хрватска Колинда Грабар-Китаровиќ во која и таа ја поддржува идејата, додека некои партии во Федерацијата БиХ оценуваат дека создавањето трет ентитет би ја загрозило земјата.

Во врска со изјавата на Китаровиќ за тоа дека би поддржала основање трет ентитет, доколку тоа го предложат претставниците на хрватскиот народ, Додик напомена дека тоа не е нова идеја.

Тој затоа ја смета изјавата на Грабар-Китаровиќ како разумна и очекува дека таа ќе прифати се што е реалност во БиХ, а тоа е договор на трите конститутивни народи.

Би можело да ве интересира

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Нова семејна трагедија се случи во БиХ: Со бензин го запалил својот брат, жртвата починала во болница

(ВИДЕО) Во Босна и Херцеговина падна првиот снег

Горан Наумовски

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина: „Ме лансираше од кревет, се се тресеше“

Горан Наумовски

Додик има план за мирна разделба во БиХ

Босна и Херцеговина ги укинува визите за илегалните мигранти кои доаѓаат под маската на странски работници