Компанијата „Мајкрософт“ неодамна на својот „скајп“ ја претстави можноста за преведување човечки говор, а се чини дека таа опција наскоро ќе ја воведе и „Гугл“, пишува „Њујорк тајмс“ .
„Гугл“ наскоро треба да ја објави новата верзија на „гугл-преведувачот“ за „андроид“, а надградбата вклучува и систем кој автоматски препознава говор од најпознатите јазици и ги преведува во текст. „Гугл-преведувачот“ веќе тоа го прави, но оваа надградба би требало да биде многу поголема, а „Гугл“ и претходно најавуваше дека нивниот „преведувач“ ќе може да испорача инстантен превод, што е голем предизвик.
„Преведувачот“ би требало да добие и опција која ќе ни преведе кој било текст кога кон него ќе впериме телефон. Ваквата технологија ја имаше апликацијата „ворд ленс“. Компанијата „Лвест вижуал“, која стои зад апликацијата, сега е во сопственост на „Гугл“, па затоа се претпоставува дека тоа ќе биде вметнато во новиот „гугл-преведувач“.