Боб Дилан забранет на радио Сплит поради изјавите за Хрватите

Од:

Изјавата на Боб Дилан дека Србин може да препознае Хрват, исто како што црнец може да препознае расист, предизвикаа бурни реакции во Хрватска, по што песните на Дилан беа забранети на Радио Сплит.

Хрватска со неверување ја прими оваа изјава на легендарниот кантавтор, по што брзо следуваа првите реакции, но и санкции. Радио Сплит, престана да го емитува хитот на неделата, песна од новиот албум на Боб Дилан.

Како што пренесуваат хрватските медиуми, Дилан од репертоарот на Радио Сплит бил симнат по интервенција на главната уредничка Ведрана Крстиќ Иванишевиќ, која неодамна пак беше казнете од Управата на ХРТВ со 20 отсто од плата, поради нејзините неумесни шеги на сметка на првиот попретседател Владе Радимир Чачкиќ.

Боб Дилан оваа година прослави 50 години кариера, по повод што даваше интервју за списанието Rolling Stone  и во кое покрај музиката, политиката, Обама, ропството, зборуваше и за Србите и Хрватите.

На прашањето дали може да ги спореди Соединетите Американски држави денеска со оние пред 1860 година, пред граѓанската војна, Дилан договорил дека САД самите се поткопале и погребале со подржувањето на ропството.

„ Не сакаа да се одречат од тоа. Пола милион луѓе загинаа за да се тргне ропството. Многу убивања.Државата и ден денеска е сјеб… поради кожата на нејзините граѓани. Луѓето се фаќаат за врат и се убиваат само поради бојата на кожа. Тоа е врв на едно лудило кое ќе ја кочи секоја земја во процесот на напредок. Црнците знаат дека има белци кои не сакаа да се тргне ропството, и дека истите тие луѓе и денеска да се прашуваат, црнците сеуште би биле под нивната нога. Доколку во вашите гени, корени постои некој кои бил робовладетел или припадник на Кју Клукс кланот, црните можат тоа да го почуствуваат, токму како што евреите можат да почуствуваат нацисти, или како што Србите можат да препознаат Хрвати“ – изјавил Боб Дилан за списанието Rolling Stone.

 

Би можело да ве интересира

Драстичен пад на популарноста поради поддршката на Камала Харис

Предраг Петровиќ

За 24 часа се јавија 12.000 жртви и сведоци на сексуална злоупотреба на обвинетиот музичар

Предраг Петровиќ

Златан Ибрахимовиќ покажа пеколна машина од 470.000, си купи Ферари за роденден

ВИДЕО: Луѓето згрозени од новиот филм на Деми Мур

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Моника Белучи го слави 60-тиот роденден: Како изгледаше една од најубавите жени во светот низ годините

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските